Најголемата поддршка на ЕП ќе ја има Албанија: 50.000 навивачи се подготвуваат за мечот во Дортмунд

Репрезентацијата на Албанија својот втор настап на Европските првенства го започнува со дуел против актуелниот бранител на трофејот, Италија, меч кој ќе се одигра утре во Дортмунд со почеток во 21 часот.

Дури 50.000 навивачи се подготвуваат за овој натпревар во Дортмунд, дел иселеници од европските земји, но и навивачи од Албанија кои специјално ќе допатуваат за натпреварите на репрезентацијата во Германија. Доколку сите успеат да влезат на стадионот, ќе го срушат рекордот по најголема поддршка за една селекција која не е домаќин на меч од Европското првенство.

Шпанскиот весник „Ас“ пренесе информација дека настапот на албанската репрезентација предизвикал и скандал во Парламентот на нашиот западен сосед бидејќи работата била прекината, а најголем дел од пратениците заминале за Германија да ѝ дадат поддршка на националната селекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести