1001 Лидс – Барнли (21 ч.)
Во вистинско време екипата на Лидс влезе во одлична форма и нема пораз на последните пет меча во Премиер лигата. Од друга страна, Барнли освои само еден бод во последните седум меча и веќе нема шанси да се спаси од испаѓање, па следната сезона ќе игра во Чемпионшип.
Лидс со освојување на три бода ќе направи голем чекор кон опстанокот. Барнли со 68 примени гола ја има најлошата одбрана, па тоа треба да е мотив плус за домашниот тим да нападне.
Предлог тип: 1&2-4 (2.09)
3001 Пиза – Лече (20:45 ч.)
Пиза е на дното на табелата во Серија А со само 18 освоени бодови во 34 меча и ако вечерва не победи, сигурно ќе испадне. Лече има 29 бодови и е на последната позиција која носи опстанок.
Пиза има девет порази во последните 10 кола, но Лече не е ништо подобар со само два освоени бода во последните шест средби. Кога играат овие два тима, на 10 од последните 12 пресметки немало повеќе од два гола, а само два пати биле постигнати точно три погодоци, што е доволна најава дека не треба да се очекуваат многу возбудувања.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.88)
1301 Жирона – Мајорка (21 ч.)
Мајорка со 35 бодови е на последното место кое носи спас од испаѓање, а Жирона со три бодови повеќе е на 15-тото место на табелата. Двете екипи имаат примено 50+ погодоци во 33 кола, што значи дека имаат очајни одбрани.
Мајорка во 16 гостински средби сезонава има само една победа и освои само шест бодови, што ја прави најслаба екипа на гостински терен сезонава.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.85)
5606 Замалек – Ал Ахли (19 ч.)
Едно од најголемите дерби дуели во Африка. Двата тима се од Каиро, најголемиот град во Африка. Замалек е прв на табелата во првенството со 50 бодови, додека Ал Ахли има 44 бодови и е на третото место. Во последните две и пол години, овие две екипи одиграа 10 меча во кои билансот е пет победи на Ал Ахли, само два триумфи за Замалек и три нерешени средби.
Традицијата вели дека на осум од последните 10 меѓусебни дуели на овие египетски гиганти завршиле со два или три гола.
Предлог тип: 2-3 гола (1.90)
2503 Викинг – Розенборг (18 ч.)
Викинг ја започна сезоната со пораз, а потоа нареди пет победи по ред. Од друга страна, норвешкиот гигант Розенборг освои само пет бодови и е на 14 место на табелата кое носи испаѓање од лигата.
Традицијата вели дека на шест од последните седум меѓусебни дуели, двата тима постигнувале барем еден погодок. На честири од последните седум меѓусебни дуели имало 5+ погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.87)

