Најголемото дерби во Англија е шлагот во новото коло на Спортска прогноза

Кога играат двата најтрофејни клуба во Англија, секогаш е посебен предизвик за навивачите, но и за прогнозерите да го погодат вистинскиот фикс. Ливерпул на „Енфилд роуд“ в недела ќе биде домаќин на Манчестер јунајтед во дербито на викендот кој следува, кое е и еден од 13-те пара во новото коло на Спортска прогноза.

Секако, освен големото англиско дерби, во понудата има уште 12 интересни средби на кои ќе биде предизвик да се погоди „1Х2“. Како и во секое коло така и сега, главната мисија е да се погоди Среќна 13-ка, а со тоа да се добие шанса да се одбере еден од трите главни подароци.

За погодени перфектни 13 фикса може да се одбира еден од подароците: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X. Доколку имате само еден промашен пар, подарокот е во вид на вредносен ваучер од Sport Life од 1.000 денари. Ваучер од 500 денари следува за сите оние кои ќе имаат по 11 погодени натпревари.

- Оглас -

Најнови вести