Најхаризматичниот мотоциклист ја крена сопирачката, Роси објави крај на кариерата!

Еден од најголемите и најхаризматични шампиони во Мото ГП, Италијанецот Валентино Роси, објави завршување на кариерата по крајот на сезоната 2021. Роси, кој има 42 години, е деветкратен светски првак, а седум од деветте титули му се во топ категориите (Мото ГП и 500 кубика), а другите две му се во класите 125 и 250. Тој испишуваше историја со своите успеси и затоа најавата за повлекување болно ја примија неговите милиони фанови.

Роси, кој има прекар Доктор, претпознатлив е и по тоа што возеше со бројот 46 на неговите мотоцикли и тој број стана култен во овој спорт и кај фановите. До крајот на сезонава има уште девет трки и нема дилеми дека очите ќе бидат вперени кон легендарниот шампион, кој 26 години се натпреварува на топ-ниво.

 

- Оглас -

Најнови вести