Најкомплицираното фудбалско правило: Мегваер не е во офсајд!

Манчестер јунајтед киксираше и одигра само 1:1 на гостувањето кај Вест Бромвич албион. Црвените ѓаволи беа големи фаворити за трите бода, но освоија само еден.

Освен двата гола, мечот го одбележа спорната ситуација во 61-вата минута, кога Манчестер јунајтед беше во напад. Судијата Крег Пајсон покажа пенал за Манчестер, а по прегледувањето на ВАР-снимката, неговата одлука беше дека немало доволно силен контакт за фаул во шеснаесетникот и го поништи ударот од белата точка.

Тоа што многумина ги збуни е дека Хари Мегваер во моментот на центаршутот беше во офсајд, но судијата не досуди недозволена позиција. Според правилото, играчот кој е во офсајд доколку не ја допре топката, а биде фаулиран, се суди фаул, односно во овој случај тоа требаше да биде пенал. Ако фудбалерот ја допре топката, па биде фаулиран, тогаш се активира офсајдот. Во овој случај Мегваер ќе добиеше пенал ако судијата решеше дека има фаул.

„Играчот кој е во офсајд оди кон топката со намера да ја удри, но е фаулиран пред да има контакт со топката. Затоа е досуден фаул пред да се активира самиот офсајд“, стои во правилата на Англиската фудбалска федерација.

- Оглас -

Најнови вести