Најконтроверзното судење и магијата на Иниеста се случија токму пред 11 години (видео)

Реванш-пресметката меѓу Челзи и Барселона во полуфиналето од ЛШ во 2009 година се памети како еден од најконтроверзните дуели во историјата на елитното натпреварување. Точно пред 11 години на овој ден, на „Стемфорд бриџ“ требаше да се добие противникот на Манчестер јунајтед во големото финале, како што е веќе познато до таму стигна Барселона, а подоцна и до самата титула.

Каталонците го елиминираа лондонскиот тим со помош на Андрес Иниеста и неговиот израмнувачки гол за 1-1 во буквално последните моменти од средбата. Магијата на Иниеста беше доволна за пласман во финалето по оние 0-0 претходно на „Камп ноу“, но тогашниот состав на Барса имаше доста среќа со арбитражата.

Главниот судија беше Норвежанецот Том Хенинг Овребо, денес пензиониран арбитер, кој немаше многу искуство на големата сцена, што беше една од причините за катастрофалните одлуки. Домаќините си заминаа оштетени, а незаборавни се реакциите на Балак откако бараше пенал во своја корист, но и на Дрогба по самиот финиш на мечот.

Капак на контроверзите беше сведовштвото на Овребо неколку години по овој меч, кога призна за грешките од тој меч и недосудените пенали во корист на англискиот претставник.

- Оглас -

Најнови вести