Најлуд финиш или наместен меч? Од 0-2 дојдоа до 2-2 со четири играчи помалку! (Видео)

Натпреварот од првата костариканска лига помеѓу Мунисипал Гресија и Хередијано, имаше толку неверојатна завршница, што многумина со право се сомневаат дека станува збор за „местенка“. Средбата заврши 2-2, а гостите кои губеа со 0-2, имаа дури четворица играчи помалку на терен, но во судиското продолжение дадоа два гола.

Особено сомнително е однесувањето на одбраната и голманот на „Грците“, бидејќи головите кои ги примија беа ефтини. При пеналот за 2-1, голманот Руиз не се обиде да украде малку време и да ја земе топката, а за „интервенцијата“ при голот за 2-2 во 94-та минута, секој коментар е сувишен.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести