Најлуда прослава досега: Кој е фудбалерот на Баерн што си го наби пехарот на глава!? (Фото)

Баерн Минхен по вторпат во клупската историја успеа да освои тројна круна. Фудбалерите на најтрофејниот германски клуб ја повторија 2013 година и покажаа дека се супериорни не само во Германија туку и во цела Европа. Посебен подвиг на Баерн е тоа што до освојувањето на титулата стигнаа со победи во сите натпревари сезонава во Лигата на шампионите.

Трибините на стадионот „Луж“ во Лисабон беа празни и фудбалерите на Баерн немаа можност со многуте свои навивачи да го прослават успехот. Тие се радуваа сами на теренот, а меѓу сите нив еден играч имаше уникатен начин на покажување радост.

Дефанзивецот Лукас Ернандес ја имаше можеби најлудата прослава на титулата во ЛШ. Французинот го преврте пехарот и успеа да го стави на својата глава. По објавената фотографија, беше тешко да се дешифрира за кој играч станува збор, но бројот 21 на неговите шорцеви открија дека тоа е играчот за кој Баерн Минхен му плати 80 милиони евра на Атлетико Мадрид минатата година.

 

- Оглас -

Најнови вести