Најлудиот меч се одигра во најстарото натпреварување во светот (Видео)

Англискиот ФА куп го има приматот за најстаро клупско натпреварување во светот. Тоа е и најпрестижниот Куп во Англија во којшто учествуваат најголем број екипи. Во првото коло на ова натпреварување ги нема најатрактивните клубови, но тоа не значи дека нема интересни мечеви.

Дуелот меѓу Бристол роверс и Оксфорд ќе се памти како еден од најневеројатните според тоа што се случуваше на теренот. Во првото полувреме немаше голови, а домаќините поведоа, па за неполни 10 минути подоцна Оксфорд израмни.

По 90 минути остана 1:1, па мораа да се играат дополнителни 30 минути. Оксфорд започна одлично и во 91-вата и 93-тата минута даде два гола за водство од 3:1. Ако се знае дека до 110-тата минута гостите ја имаа предноста од два гола, многумина веќе помислија дека Бристол е елиминиран.

Сепак, во последните 10 минути се случи чудо. Домаќините дадоа три гола и само за осум минути од негатива 1:3, на крајот стигнаа до победа од 4:3 и пласман во второто коло од ФА купот.

https://twitter.com/i/status/1460864781854912515

- Оглас -

Најнови вести