Најнголан сепак се врати во Калјари

Играчот за врска на Интер, Раџа Најнголан, стави крај на шпекулациите околу неговата иднина откако прифати да се врати во Калјари. Белгиецот ќе настапува за Сардинците како позајмен играч од редовите на Нероаѕурите, со опција следната сезона да се откупи неговиот договор.

Најнголан ги бранеше боите на Калјари од 2010 до 2014 година пред да го оствари трансферот во Рома, а италијанските медиуми тврдат дека Калјари ќе исплаќа околу две третини од годишната плата која популарниот „нинџа“ ја заработува во Интер.

Антонио Конте уште на стартот од претсезонските подготовки потврди дека нема да смета на поранешниот белгиски репрезентативец, по што му беше соопштено да бара нов клуб. Фиорентина исто така ги посакуваше неговите услуги, но Најнголан на крајот се одлучи за Калјари поради неговата сопруга.

 

- Оглас -

Најнови вести