Најоригиналната честитка за Бензема дојде од спонзорот „Адидас“ (Фото)

Главната поента на освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема, беше дека го следел својот сон и никогаш не се откажувал од него, а премијата за фудбалер на годината дојде кога Французинот има полни 34 години.

За Бензема, кој во кариерата мина и низ тешки периоди, испадна дека годините не се важни и дека никогаш не е доцна да се биде најдобар на светот.

Компанијата „Адидас“, која е спонзор на Реал Мадрид и на Бензема, по повод освојувањето на Златната топка објави интересна честитка.

Од производителот на спортска опрема објавија фотографија со завој на раката каков што носи Бензема, кој долго време игра со повреден прст, но завојот во случајов е златен, а тука е и пораката: „Ништо не е невозможно“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести