Најпознатиот репрезентативец на Австрија не го заборави клубот што го вивна кон ѕвездите

Давид Алаба покажа дека е голем спортист и со влог од 500 илјади евра му помогна на гигантот Австрија Виена да ја ублажи финансиската криза, која го тресе 24-кратниот првак.

Играчот на Баерн одлучи да купи 2 проценти од акциите на клубот во кој порасна и пристигна како 10-годишно момче.

На Австрија Виена и се закануваше суспензија поради финансиски проблеми, не доби лиценца за настап во еврокуповите, но ситуацијата се надмина и ако обезбедат настап во Европа ќе играат, откако од втор обид добија дозвола од австриската фудбалска федерација.

Играчот на Баерн Минхен е веројатно и најголемата ѕвезда на австриската репрезентација, која ќе ни биде прв ривал на Европското првенство на 13. јуни во Букурешт.

Алаба е капитен на Австрија и ќе игра против нас на националната арена во главниот романски град на меч што е историски за Македонија, бидејќи ќе биде прв на големите натпреварувања.

Универзалецот во дефанзивата на Баерн и на австриската селекција играше на едниот од двата меча што досега сме ги играле со Австријците и ни даде гол во победата од 2:1 на 16. ноември во Виена.

 

- Оглас -

Најнови вести