Најпознатиот шпански спортски весник го прогласи Ѓоковиќ за спортист на годината!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар светски спортист во 2023 година, во изборот на шпанскиот спортски весник „Марка“.

Ѓоковиќ добил 35 отсто од гласовите и победи пред Формула 1 првакот Макс Ферстапен за кого гласале 26 проценти, додека трет е НБА ѕвездата Никола Јокиќ со 13 отсто.

„Марка“ имаше листа од 100 спортисти кандидати за признанието. Инаку, во женска конкуренција, победничка е гимнастичарката Симон Бајлс, а втора е скијачката Микаела Шифрин.

Прогласен е и најдобар шпански спортист. Првото место му припадна на тенисерот Карло Алкарас, пред Формула 1 пилотот Фернансо Алонсо и голферот Џон Рам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести