„Најсигурниот“ денешен фикс не испадна како што типуваа сите, ВАР вмеша прсти во Манчестер

Киксот на Манчестер сити против Саутхемптон, и резултатот од 0-0, е најголемото изненадување во денешните мечеви од топ 5 лигите. Граѓаните беа огромни фаворити, но се мачеа цел меч и не успеаја да дадат гол, на разочарување на нивните фанови и многу обложувачи низ светот.

Посебна приказна беше ВАР технологијата. Најпрвин поисклучувањето на Кајл Вокер и пеналот за гостите, по прегледување на снимка, судијата се премисли и Сити остана со 11 играчи, и немаше пенал за Светците. Во финишот, Рахим Стерлинг даде гол, но погодокот беше поништен поради офсајд.

- Оглас -

Најнови вести