Им се стемни на „Најсилните“ од Боливија со ваков мек пеналџија (Видео)

Боливискиот вицешампион Стронгест испадна на необичен начин во полуфиналето од квалификацискиот циклус за настап во Копа Либертадорес.

„Најсилните“ од Боливија настрадаа во пенал-серијата против аргентинскиот Атлетико Тукуман благодарение на аматерскиот потег и изведба на пенал на Панамецот Роландо Блекбурн.

Мечот во регуларниот дел заврши со победа на аргентинскиот тим од 2:0, колку што беше и во Боливија, но за Стронгест, па се изведуваа пенали, а пресудија двете утки на Блекбурн во петтата серија и на Торес во седмиот круг.

Блекбурн тргна ноншалантно и со чуден скок млако ја упати топката кон голот на домаќините, па Лукети лесно му го одбрани ударот. Да погодеше Панамецот, боливискиот вицешампион ќе беше во финалето бидејќи до неговиот пенал гостите ги погодија сите 4 удари од белата точка, а Атлетико имаше утка во првата серија.

Потоа среќата ја заврте страната и Аргентинците стигнаа до завршен двомеч со Индепендиенте Меделин за пласман во фазата по групи во јужноамериканската Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести