Најскапиот клуб во светот даде три гола, ама уште нема ниедна победа сезонава

Њукасл останува закован за дното на табелата во Премиер лигата, откако на свој терен одигра 3:3 против Брентфорд во 12. коло. Иако играше на свој терен, Њукасл останува единствениот тим во лигата без победа сезонава и со само шест бода останува на дното од табелата.

Во драматичниот меч на „Сент Џејмс парк“, домаќините први дадоа гол, но Брентфорд веќе во 31 минута го сврте резултатот во своја корист за водство од 2:1. Њукасл израмни за 2:2 на полувреме.

Во вториот дел гостите повторно поведоа, овојпат со 3:2, а Њукасл преку со третиот гол на овој меч, се спаси од пораз.

- Оглас -

Најнови вести