Најплатениот топчија не прифати намалување на платите во Арсенал

Месут Озил, најскапиот играч на Арсенал, не прифатил намалување на платата во висина од 12,5 проценти, а со него има уште двајца бунтовници што го одбија предлогот на клубот.

Озил има неверојатни 350 илјади фунти неделна плата, што е највисока во Арсенал. Клубот денеска објави дека постигнал договор со фудбалерите да им се намали платата за 12,5 отсто до март следната година, а и најавено е дека парите потоа ќе им се рефундираат на сите што се потпишаа на анекс на договорите.

Озил очигледно не ја гледа својата иднина во Арсенал, барем така се толкува неговиот потег да не прифати кратење на платата, а не се објавени имињата на останатите двајца фудбалери што ја одбија понудата на клубот.

Арсенал е првиот клуб во Премиер лигата што успеа да постигне договор со сите играчи, минус тројца, за намалување на платите во услови на кризата со корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести