Најсмешна причина за греење клупа – Матузалем „кркал“ Моцарела како луд

Бразилецот Матузалем Франселино да Силва раскажа една од најчудните приказни во светот на фудбалот, а светски познатата Моцарела била причината што го загубил местото во првата постава во Наполи и потоа ја греел клупата.

Од швајцарска Белинцона Бразилецот, кој го има прекарот „Професорот“ се пресели во Наполи во 1999 година и играше стандардно за тимот од Неапол се додека не почнаа маките со познатото италијанско сирење.

„Почнав да јадам премногу моцарела и станав зависник. не можев никако да одолеам и почнав да се дебелеам. Вишокот на килограми ме чинеше да не можам физички да се подготвувам за натпреварите на ниво на тогаш многу силната италијанска лига. Тренерот Емилијано Мондонико ме предупреди дека ќе го загубам местото во стартната постава, но јас продолжив по мое. Звучи чудно, но тоа е вистината“, вели Матузалем.

Наполи во 2001 година и го врати Бразилецот на Парма, екипа што имаше договор со Пјаченца, па го испрати Матузалем кај нив со тогаш популарното ко-сопствеништво по принципот пола-пола.

Матузалем долго играше во Италија и смени дури 8 екипи, дел во Серија А, а настапуваше и во Втората лига, или популарната Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести