Најсмешните дресови во историјата на фудбалот – Хадерсфилд не можеше полошо (Фото)

Хадерсфилд испадна од Премиерлигата, а челниците на клубот направија уште еден катастрофален кикс со изборот на новата гарнитура дресови за новата сезона во Чемпионшип лигата.

На вообичаениот дрес во сино-бели бои, што е симбол на клубот од Јоркшир, сега е додадена цела лента во дијагонала, како реклама на познатата обложувалница „Педи Пауер“.

Имаше доста критики за изборот на новата гарнитура, со која Хадерсфилд ќе настапува во новата сезона, но и сеир, а еден од поинтересните коментари на социјалните мрежи е дека фудбалерите на клубот во новите дресови изгледаат како да се на натпреварување за „Мистер на светот“.

- Оглас -

Најнови вести