Најстариот фудбалски клуб на светот го слави 161-виот роденден

Натаниел Крезвик и Вилијам Прест на 24-ти октомври во далечната 1857 година одлучија да регистрираат фудбалски клуб и направија чекор за кој не беа ни свесни дека ќе претставува пионерски момент во една славна историја.

Денеска Шефилд слави 161 година од своето формирање и тоа е најстариот фудбалски клуб на светот. Шефилд и тогаш беше аматерски клуб и сега е со истиот статус, составен од луѓе кои се љубители на најважната споредна работа на светот.

Во моментов ФК Шефилд е член на осмата лига во Англија и иако многумина го сакаат поради традицијата која ја негува, одамна е во сенка на многу попознатите градски ривали Шефилд венздеј и Шефилд јунајтед.

Најголем успех им е освојувањето на аматерскиот куп пред 115 години, натпреварување кое беше најсилно во Англија во тоа време. Пред 11 години, за 150-тиот роденден меѓу гостите на прославата беше и славниот Пеле.

Иако е аматерски клуб, Шефилд е единствениот, покрај Реал Мадрид, кој во 2004 година доби Орден за заслуги, што е највисоко одликување на ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести