Најтешката клупска трагедија ќе биде инспирација за Фламенго против Ливерпул

Во пресрет на денешното финале во Светското клупско првенство, каде што силите ќе ги одмерат актуелните владетели на европскиот и јужноамериканскиот континент, Ливерпул и Фламенго, капитенот на бразилскиот состав Евертон Рибеиро истакна дека неговата екипа ќе игра во чест на загинатите млади фудбалери на Фламенго кои го загубија животот во пожар.

Трагедијата која се случи во февруари годинава во која животот го загубија 10 кадети на Фламенго, е најтешката несреќа во клупстака историја, но ќе биде дополнителна мотивација за играчите на Жорге Жесус.

„Смртта на тие млади играчи е голема трагедија, згаснаа 10 млади животи. Тие никогаш нема да бидат заборавени, а доколку ја освоиме титулата ќе им ја посветиме токму на нив. Тажната приказна за нас е како дополнителна мотивација да одиграме добар натпревар“, истакна Рибеиро.

Финалето кое ќе се игра во Доха е закажано за 18:30 часот, а три часа претходно Монтереј и Ал-Хилал ќе се пресметаат во битката за третото место.

- Оглас -

Најнови вести