Најтрофејниот играч во фудбалот не простува долгови

Дани Алвес одлучи да не се врати во Сао Пауло, односно да го раскине договорот откако клубот не ги исполни ветувањата околу исплаќање на долговите.

Откако светот беше здрман од пандемијата со корона-вирусот и направи економска штета во речиси секоја сфера, Алвес и управата на Сао Пауло постигнаа усмен договор да му ги намалат примањата на привремен период, а подоцна истите да му ги исплатат. Сепак, тоа не се случи, долговите останаа неплатени, по што најтрофејниот фудбалер во историјата реши повеќе да не го облекува дресот на бразилскиот гигант.

Ветеранот при ангажманот во Сао Пауло договори годишна плата од 1,6 милиони евра, што отприлика изнесува сумата која клубот му ја должи. Неодамна 38-годишниот Алвес го освои рекордното 43-то одличје откако со Кариоките стигна до златниот медал на ОИ во Токио.

- Оглас -

Најнови вести