Најтрофејниот ватерполо тренер на светот ја заврши кариерата

Со освоени десетици трофеи и медали, најголемиот ватерполо тренер во историјата на овој спорт, Ратко Рудиќ, одлучи да ја заврши кариерата. Хрватот кој има 71 година со заминувањето од италијанскиот клуб Про Реко, ја заврши 39-годишната кариера.

Животната приказна на Рудиќ е многу интересна и неверојатно е како успеа да нареди толку успеси, по толку малери. Кога имал две години, врз него се истурила врела вода од чајник и по изгорениците, морала да му биде пресадена кожа на грбот. Два месеци бил во болница.

Во 1963 година го одигра првиот меч, а во 1968 му се случи нов малер, не настапи на Олимписките игри во Мексико сити затоа што ја скрши раката играјќи фудбал со другарите. На СП во 1975 година паднал на допинг тест, а подоцна било утврдено дека е грешка и дека всушност испил големи количини Кока-Кола. Кога повторно ја скрши раката пред ЛОИ 1976, кај него се појави желбата да биде тренер.

Кога стана тренер, престана да пуши. Освои четири олимписки злата (во 1984, 1988, 1992 и 2012), последното во Лондон 2012 година како селектор на Хрватска. Со Југославија, Италија и Хрватска освои и светски титули, има и три европски титули, а ги водеше и САД и Бразил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести