Најубавата спортистка во Sport Life состави добротворен тикет

Иако вели дека нема многу среќа во наградните игри и многу ретко посетува обложувалници или казина, сепак Едина Муса, која е една од најатрактивните и најубави спортистки во Македонија, со задоволство ја прифати поканата на Sport Life со свој хуманитарен тикет да учествува во добротворната акција која ја организира најдобрата обложувалница кај нас.

Муса на 28 години реши да ја прекине кариерата како кошаркарка, но овој спорт е нејзина голема љубов и индиректно е вклучена во спортот со портокаловата топка.

„Мислам дека беше време да престанам со активно играње. Годинава имав операции на двете колена, а и претходно имав проблеми со колената. Јас редовно си тренирам, тоа е мојот начин на живот, играм рекреативно, настапувам и во Бизнис лигата во баскет за компанијата во којашто сум вработена, но ставив крај на активното играње кошарка“, објаснува Муса, која иако е надвор од паркетите, редовно ги следи случувањата во македонската кошарка, во Европа и во НБА-лигата.

ДОДЕКА БЕШЕ ВО САД, СЛУЧАЈНО ИМА ДОБИЕНО НАГРАДА

Едина, која дел од школувањето го мина во САД, вели дека таму имала среќа и не знаејќи, добила награда.

„Јас обично сум малер за вакви работи, ретко добивам на наградни игри и затоа поретко ги играм. Еднаш во САД добив слушалки за уши и тоа без да знам. Кликнав на една објава, не знаев дека со тоа сум станала учесник во наградна игра и кога ме информираа дека сум добила награда, се изненадив. Би сакала овој тикет во Sport Life да биде добитен. Доколку ги погодам сите натпревари, парите ќе ги донирам во дом за деца без родители“, вели Едина.

Фудбалот не е нејзин омилен спорт, но со помош на другарка, состави тикет кој можеби ќе стане првиот добитен во акцијата на Sport Life.

„Би сакала да го пофалам Sport Life, мислам дека се потребни повеќе вакви акции за помош на ранливите категории. Јас секогаш ќе бидам тука да помогнам“, завршува некогашната репрезентативка на Македонија во кошарка и девојка која е инструктор по фитнес, а учествува и на натпреварувања во бодибилдинг.

- Оглас -

Најнови вести