Најубавиот гол ова коло во Премиер лигата падна вечерва (Видео)

Фулам го победи Вест Бромич албион со 2-0 во првиот од двата денешни натпревари во англиската Премиер лига. На средбата имаше двајца јунаци, едниот е Александар Митровиќ, кој за првпат имаше две асистенции на еден меч во Премиер лигата, и Нигериецот Ола Аина, кој првпат во кариерата даде гол, и тоа прекрасен, веројатно најубавиот викендов во англиската лига.

За Фулам ова е прва победа сезонава, па сега, по седум кола, имаат четири бода, само три помалку од гигантот Манчестер јунајтед, кој неочекувано е во долниот дел на табелата. Фулам немаше триумф во Премиер лигата од април 2019 година, а првпат по седум години водеа со 2-0 против некој противник во елитното друштво.

ВБА и понатаму нема победа, но тимот на тренерот Славен Билиќ има три нерешени. Следните два меча им се против Тотенхем и Манчестер јунајтед.

Ова се головите на вечерашниот меч на „Крејвен котиџ“:

https://twitter.com/i/status/1323329557391384582

- Оглас -

Најнови вести