Најубавите голови во Англија – Имаше и ножички и спринт од 100 метри, а само еден играч конкурира со два еврогола (Видео)

Хјунг-Мин Сон истрча спринт на 100 метри против Барнли, во невиден трк ја мина комплетната екипа на ривалот и постигна прекрасен гол што ќе биде во конкуренција за најубав погодок на сезоната во Премиерлигата.

Покрај фудбалерот на Тотенхем, имаше уште дузина убави голови, дриблинзи, ножички, прекрасни бомби и само еден играч што конкурира за престижната награда со два гола.

Кевин Де Бројне погодуваше ефектно и атрактивно и против Њукасл и со Норич, па со два гола ќе се обиде да стекне предност во изборот за најубав гол во Премиерлигата за сезоната 2019/20.

Одличен е и голот, особено целата акција на Муса Џенепо од Саутемптон против Шефилд јунајтед, потоа и голот со ножички на иранскиот репрезентативец Алиреза Јаханбакш за Брајтон против Челзи.

Погледнете ги сите номинирани голови за погодок на сезоната во Премеирлигата и уживајте:

- Оглас -

Најнови вести