Накамура на 41 година потпиша за клуб каде што ќе има соиграч кој е 11 години постар од него

Легендарниот јапонски фудбалер Шунсуке Накамура нема намера да оди во пензија, па и на 41 година успеа да најде нов клуб. Откако му истече договорот со Џубило Ивата, Накамура во следните шест месеци ќе го носи дресот на Јокошима.

Интересно е што ветеранот нема да биде најстариот фудбалер во новиот клуб. Во Јокошима игра Казајоши Миура, кој е дури 11 години постар од Накамура. Миура, кој има 52 години, има договор со Јокошима до 2020 година.

Накамура во најдобрите денови од кариерата помина четири сезони во шкотскиот Селтик, а има играно и за Реџина и Еспањол. За репрезентацијата на Јапонија одигра 98 натпревари и има постигнато 24 голови.

- Оглас -

Најнови вести