Накратко прекината прес-конференцијата на Алкарас: Ве молиме напуштете ја зградата и не користете лифтови (Видео)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас во реприза во минатогодишното финале успеа да ја одбрани титулата на Мастерсот во Индијан Велс откако во два сета го совлада Данил Медведев, и тоа со 7:6,6:1, но потоа имаше непријатност која на момент му ја прекина прес-конференцијата.

По победата и славењето на теренот, на прес-конференцијата во моментите кога Шпанецот се подготвуваше да одговори на прашање од новинар, од разгласот се слушна предупредувачка порака:

 

„Внимание, во оваа зграда е пријавен вонреден случај. Ве молиме напуштете ја зградата така што ќе го пронајдете најблискиот излез или излезот кој се користи во случај на пожар. Не ги користете лифтовите, повторувам, не ги користете лифтовите“.
Алкарас беше збунет од оваа порака и ги запраша присутните на прес-конференцијата „Дали сме во проблеми?“.

Предупредувањето предизвика молк и зачуденост, но набрзо потоа прес-конфенрецијата продолжи и никој не ја напушти просторијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести