Наместо чисто „ферари“, соиграчот на Пандев наиде на катастрофа (фото)

Федерико Маркети, голманот на Џенова и соиграч на Горан Пандев, наиде на катастрофа кога го виде своето скапо „ферари“ искршено на парчиња.

Италијанскиот голман го оставил автомобилот во автоперална, а човекот кој бил задолжен да го „светне“ спортскиот ѕвер, се полаколмил да сврти еден круг и не знаејќи околу силата на машината, се забил во заштитна ограда и уште неколку паркирани автомобили.

Штетата е голема, предниот дел од автомобилот е потполно уништен, но, за среќа, работникот поминал без повреди.

- Оглас -

Најнови вести