Наместо ПСЖ – Баерн, Гвардиола реши да гледа третолигашки меч

Најтрофејниот фудбалски тренер на денешницата, Хосеп Гвардиола, не го гледаше феноменалниот натпревар ПСЖ – Баерн и шокира многумина кога го видоа на стадионот во Стокпорт, каде што во време на дуелот во Париз не го гледаше својот ексклуб од Минхен, туку дуел од англиската трета лига по ранг (Лига 1).

Стокпорт, кој ќе игра бараж за влез во Чемпионшип, загуби дома од веќе испаднатиот Порт Вејл со 1-2 и никој не може да објасни зошто Гвардиола го одбра тој неважен меч пред полуфиналето во Лигата на шампионите, каде што играа веројатно двата најдобри тима во Европа.

- Оглас -

Најнови вести