Нант не успеа да го испрати кралот на ракометот со трофеј во пензија

Нант претрпе пораз од ПСЖ при конечни 31:36 во финалето од Купот на Франција, во последниот натпревар на легендарниот македонски ракометар, Кирил Лазаров.

Иако ќе беше фантастичен крај за Кире со трофеј да ја заврши брилијантната кариера, Парижаните едноставно беа незадржливи на патот до пехарот во националниот куп. Лазаров заигра во финишот, меѓутоа и неговата величина не го спаси Нант.

Како и да е, Лазаров во две и пол децениската кариера се радуваше на вкупно 50 клупски трофеи, безброј индивидуални награди и признанија, па овој пораз брзо ќе биде заборавен.

- Оглас -

Најнови вести