На Рино му е фино без работа, ја одби понудата на Нант

Џенаро Гатузо ја одби понудата на Нант да биде нов тренер на популарните „канаринци“. Гатузо остана без работа по завршувањето на сезоната и си замина од кормилото на Милан, а Нант остана без тренер, откако пред два дена си замина Вахид Халилхоџиќ.

Ситуацијата беше идеална за соработка, но Гатузо не сака да биде тренер во Франција и чека подобра понуда. Нант има неколку опции, а планот е да се обидат да го доведат Валтер Ѕенга, или Клаудио Раниери, кој им беше тренер во сезоната 2017/2018.

Нант има проблем со тренерите, а сопственикот Валдемир Кита го бие глас дека нема многу трпение, па канаринците се рекордери според бројот на сменети тренери во последните 12 години. Од 2017 година дури 13 стратези си заминаа, или добија откази во Нант, што во просек е над еден во година дена.

Времето не е на страната на клубот со голема традиција во Франција и Нант мора да најде решение до гостувањето на Лил во првото коло во француското првенство на 11. август.

- Оглас -

Најнови вести