„Напад“ со дрон го одложи мечот меѓу Молдавија и Австрија (фото)

Вчерашниот квалификациски натпревар меѓу Молдавија и Австрија започна со задоцнување од половина час откако непосредно пред стартот во предвидениот вечерен термин, дрон почна да лета над теренот и направи проблеми.

Судијата Пол Тирни прво почека да види до кога дронот ќе ги вознемирува присутните на стадионот во молдавската метропола, но потоа одлучи да ги испрати фудбалерите во соблекувалната додека не се реши проблемот.

Половина час подоцна, играчите на двете селекции се вратија на теренот и го одиграа мечот во кој Австрија славеше со 2-0, додека во меѓувреме локалната полиција го пронајде пилотот на дронот и се покажа дека се работи за малолетник кој сакал да се шегува на туѓа сметка.

- Оглас -

Најнови вести