Нападот е застрашувачки – Тимот кој што е под „капата“ на Рајола изгледа моќно (ФОТО)

Мино Рајола беше агент на едни од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницава, а навистина импресивно изгледа тимот од 11 фудбалери.

Со сигурност може да се каже дека овие единаесетмина ќе атакуваат на титули во било кој европски шампионат и да играат.

На голот е Џанлујџи Донарума, за кого не е потребно да се трошат зборови, додека во одбраната се двајцата играчи на Интер, Дензел Дамфрис и Стефан де Врај, како и Матијас де Лихт од Јуве а најнепознат на оваа листа е левиот бек Овен Винјдал кој што игра за АЗ Алкмар и според сите најави, овој 22-годишен фудбалер го очекува блескава фудбалска иднина.

Во средината, триото играчи се Марко Варати, Пол Погба како и супер-талентот на Ајакс, Рајан Гравенберг кој на лето оди во Баерн Минхен.

Хенрик Мхитаријан е малку поофанзивен, додека нападот изгледа навистина страшно бидејќи е предводен од Златан Ибрахимовиќ и Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести