Напаѓачот на Болоња ќе биде замената за Ибрахимовиќ во Милан?

Веќе и официјално престојот на Златан Ибрахимовиќ во Милан заврши. Дали репрезентативецот на Шведска ќе оди во пензија со оглед на тоа дека има 41 година или ќе бара нов клуб, ќе видиме во периодот што следува.

Сепак, Милан не спие и веднаш има адут кој би го заменил Ибрахимовиќ во нападот. Станува збор за фудбалерот на Болоња и репрезентативец на Австрија, Марко Арнаутовиќ.

Милан сака летово да доведе двајца напаѓачи, еден млад и еден искусен. Австрискиот репрезентативец оваа сезона постигна 9 погодоци на 20 првенствени натревари, а и неговата цена на пазарот му оди во прилог на Милан, бидејќи трансферот би вредел околу 8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести