Напаѓачот на Лутон лукаво го искористи киксот на голманот на Ридинг кој „заспа“ (ВИДЕО)

Денеска се комплетираа натпреварите од последното, 46-то коло во англиската Чемпионшип лига, каде што видовме и неверојатна голманска грешка.

Чуварот на мрежата на Ридинг, Орјан Ниланд му подари победа на Лутон, откако во последните секунди од првиот дел, прими гол од домашниот напаѓач Хери Корник.

Голманот ја имаше топката во своите раце при една интервенција, но не забележа дека позади него се наоѓа напаѓачот, по што ја спушти топката на земја, а овој му се прикраде и му ја зеде.

Лутон триумфираше со овој гол и стигна до бројката од 75 бодови со што ќе игра во плеј-офот за во Премиер лигата, додека, пак Ридинг финишираше на 21-то место, но веќе од претходно го имаше осигурано опстанокот.

- Оглас -

Најнови вести