Напаѓачот на Реал Мадрид повторно беше мета на расистички напади

Фудбалерот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус жуниор, ги обвини челниците на Ла Лига дека не прават ништо за да го спречат расизмот на трибините.

Реакцијата на фудбалерот на Реал Мадрид доаѓа откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа на кои се гледа како го навредуваат Бразилецот и фрлаат предмети на теренот за време на натпреварот против Вајладолид.

Винисиус жуниор беше навредуван на расна основа на стадионот „Хозе Зорилја“ во Валјадолид додека поминуваше покрај навивачите откако беше заменет од страна на тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Ла Лига објави соопштение во кое ги осудува сите видови на говор на омраза и порача дека ги следи случаите на навреди на расна основа на натпреварите, но фудбалерот смета дека челниците на шпанската лига не прават ништо за да го запрат расизмот.

„Расистите и понатаму се присутни на стадионите и го гледаат најголемиот клуб на светот, а Ла Лига не прави ништо за да го спречи тоа. Ќе продолжам со крената глава да ги славам своите победи“, напиша Винисиус жуниор на својот профил на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести