Наполи баш запнал да му ја засили конкуренцијата на Елмас

Наполи сака да се засили во средниот ред и тоа на позициите на кои игра нашиот репрезентативец Елиф Елмас, а нова трансферна цел во зимскиот преоден рок е Станислав Лоботка.

Играчот на Селта и словачки репрезентативец долго игра во Шпанија и за него тимот од Виго бара отштета од 25 милиони евра, а Наполи нуди 20.

Претходно се најавуваше дека наполитанците ќе тргнат вопоход по Тореира од Арсенал, но како и да е добро за Елмас е што спласнаа најавите дека тој ќе оди на позајмица.

Одличниот настап против Сасуоло, кога токму Елмас беше главен актер и режисер на победата на Наполи, веројатно ги отргна сите дилеми дали нашиот фудбалски бисер ќе продолжи да игра за Наполи, без разлика, кој ќе пристигне на Сан Паоло.

Елмас летово пристигна во Наполи за рекорден македонски трансфер од 19 милиони евра, од редовите на Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести