Наполи го продава стоперот за кого одбиваше понуди до 80 милиони евра

Наполи одлучи да го продаде главниот стопер Калиду Кулибали, по крајот на актуелната сезона. Клубот чиј член е нашиот дијамант Елиф Елмас, во минатото одбиваше енормни понуди до 80 милиони евра за Сенегалецот, но со оглед на ситуацијата претседателот Де Лаурентис е подготвен да прифати двојно помала сума само за да се ослободи од Кулибали.

Главна причина за оваа одлука е неговата плата од 11 милиони евра годишно. Наполи се обидува да ги намали трошоците, кои со сигурност ќе бидат поголеми доколку екипата на Гатузо не обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Кулибали во овој случај ќе биде жртвено јагне со цел клубот од Неапол да не западне во поголеми финансиски проблеми, кој секако е оштетен поради пандемијата со корона-вирусот.

Останува да се види дали за Кулибали сè уште постои интерес, пред сè од гигантите како ПСЖ, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Манчестер сити, кои претходно имаа неуспешни обиди да го ангажираат курпулентниот стопер.

- Оглас -

Најнови вести