Наполи и Елмас до утре ќе стојат на вицешампионското место во Калчото (видео)

Наполи и Елиф Елмас славеа убедливо со 5-1 против Удинезе и избија на второто место во Серија А со 73 бода, еден повеќе од Аталанта и Милан на две кола до крајот, додека овие две екипи утре ќе разигруваат за комплетирање на колото.

Голеадата на стадионот „Диего Марадона“ почна во 28-мата минута преку Зјелински, а само три минути подоцна, Фабијан Руис со фантастичен погодок зголеми на 2-0. Пред паузата, Зебрите намалија на 2-1 со голот на Окака, но им се случи тотален распад во второто полуреме.

Голот на Руис можете да го видите на следниот ЛИНК.

Лозано и Ди Лоренцо во период од 10 минути погодуваа за недостижни 4-1, по што Елмас влезе да ги доигра последните петнаесетина минути од натпреварот на местото од Зјелински. Иако сè беше решено, Инсиње се потруди да се запише во листата стрелци за конечни 5-1 во судиското надополнување.

Наполи до утре сигурно ќе стои на вицешампионското место, додека Аталанта е голем фаворит во мечот против Беневенто и се очекува да има нова промена на табелата, а Милан гостува кај Биковите од Торино.

- Оглас -

Најнови вести