Наполи ја доби Рома, Елмас влезе во финишот (видео)

Капитенот Лоренцо Инсиње ја донесе победата за Наполи против Рома со конечни 2-1 во дербито на 30-тото коло во Серија А. Избраниците на Џенаро Гатузо се мачеа да дојдат до победнички гол до последните десетина минути од средбата, а неколку минути по водечкиот гол за домаќините, во игра влезе Елиф Елмас.

https://twitter.com/LIVESCOREX/status/1279884901018488834

Наполи прво поведе преку Калјехон во 55-тата минута, но Мхитарјан само пет минути подоцна ја анулираше предноста на домаќините. Инсиње како капитен ја презеде одговорноста и со фантастичен удар од тежок агол го постави конечниот резултат.

Наполи со овој триумф стигна до 48 бода, исто колку што има Рома и сега двете екипи се на делба на петтата позиција на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести