Наполи ќе продолжи да дава барем два гола

1009 Њукасл – Тотенхем (17.30 часот)

Њукасл нема победа, а Тотенхем нема ниту едно реми сезонава, па според овие показатели, треба да има победник и тоа гостите. Њукасл пет години не победил против вечерашниот противник. Чавките ќе имаат големи мотиви за докажување пред новите газди, но се шпекулира дека ова може да биде последен меч за Стив Брус како менаџер на Њукасл, што би значело дека тука „единицата“ треба да биде исклучена како опција. Тотенхем сезонава даде само 6 гола на 7 меча. Проблем на Њукасл е одбраната, на сите мечеви сезонава примаа гол, а Петлите нема да бидат комплетни, ќе одмораат Јужноамериканците.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

3008 Наполи – Торино (18.00 часот)

Ова е дуел на две од трите најцврсти одбрани во Серија А, што значи дека не би требало да има премногу голови, но Наполи на сите мечеви сезонава даде барем два гола, додека Торино од март не примил повеќе од еден гол на гостувањата. Наполи има максимални 21 бодови од седум кола, и ако има шампионски амбиции, не смее да потфрли против Биковите. Наполи сезонава има двојно повеќе постигнати голови од Торино. Торино 12 години не славел во Неапол.

Предлог тип: 1 & 2-3 (3.20)

 

1710 Марсеј – Лориен (20.45 часот)

Марсеј пред репрезентативната пауза беше во криза, имаше освоено само еден бод на последните три меча. Од друга страна, Лориен е специјалист за ремија, имаат дури пет нерешени игри во девет настапи во француската лига, и четири меча по ред со 0-2 гола. Кај Марсеј ќе ги нема Паје и Ундер, што секако е хендикеп, но веруваме дека на „Велодром“ ќе се слави победа. Марсеј победи на последните четири меча против Лориен, а Лориен на денешен ден пред точно една година ја извојува својата последна победа како гостин.

Предлог тип: 1 (1.58)

 

3009 Јувентус – Рома (20.45 часот)

Јуве беше во налет пред паузата, врза три победи по ред, сите минимални, а засега на гости им доаѓа Рома, кои има четири бода повеќе. Рома сезонава или победуваше или губеше. Мурињо и Алегри не се сакаат многу, и максимално ќе ги мотивираат своите играчи. Кога играат Јувентус и Рома во Торино, најчесто има победник, последното реми било пред 11 години. Откако Мурињо е на клупата на Волчицата, Рома на сите гостувања играше со 3+ голови.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.35)

 

1306 Барселона – Валенсија (21.00 часот)

Последните пет официјални меѓусебни дуели на овие тимови на „Камп Ноу“ беа доста ефикасни, со 3 до 7 гола. Валенсија добро ја отвори сезоната, но западна во криза и во последните четири кола не знае за победа. Кај Барселона може да дебитира напаѓачот Агуеро. Каталонците беа поразени од Атлетико и Бенфика на претходните два меча, но тоа е заборавено, и важат за фаворити против Лилјаците. Куман е екс тренер на Валенсија.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.35)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести