Наполи купи голман, бранеше за Италија на еден меч од ланското Европско првенство

Наполи во трката за Скудетото во италијанската Серија А ќе има адут и меѓу стативите, нов голман на клубот чиј член е нашиот Елиф Елмас стана Салваторе Сиригу.

Сиригу, кој има 35 години, доаѓа од Џенова, а лани му беше прва резерва на Џиџи Донарума на ЕВРО 2020 и влезе на терен на дуелот против Велс од групната фаза.

Наполи летово остана без Колумбиецот Давид Оспина и долго бараше нов голман, а изборот падна на ветеранот кој веќе почна со тренинзи со новиот тим.

- Оглас -

Најнови вести