Наполи не личи на шампион, веќе заостанува 20 бодови зад Интер

Повеќе од 30 години Наполи чекаше да се израдува на титула во Серија А и тоа се случи минатата сезона. Тоа беше сезона во која Наполи играше неверојатно добро и се чинеше дека тоа е екипа која уште долго време може да доминира во италијанскиот фудбал.

Сепак, само неколку месеци по освојувањето на скудетото, Наполи веќе не може ни да сонува да ја одбрани титулата. На половина од пренството, Наполи заостанува дури 20 бодови зад лидерот Интер, откако денеска доскорешниот тим на Елиф Елмас загуби на гости кај Торино со 3:0.

Санабрија погоди за водство на Торино во 43 минута, а во вториот дел домаќините со головите на Влашиќ и Бонџироно стигна до убедлив триумф од 3:0.

Во вториот меч кој се играше попладнево, Лацио на гости кај Удинезе победи со 2:1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести