Наполи не застанува, настрада и Торино

Наполи на гостин го порази Торино со 4-0 и отиде на 21 бодови предност пред Интер, а клубот од Милано кој е втор на табелата, има и еден меч помалку. Во топ лигите никој нема подобра и гол-разлика од Наполи.

Наполитанците повторно беа предводени од Осимен и Кварацхелија, а Елмас влезе во 65-та минута при 3-0.

Нигериецот Осимен дојде до својот 20-ти гол сезонава, додека Грузиецот Кварацхелија има дабл-дабл од 12 голови и 10 асистенции, иако е дебитант во италијанската лига.

- Оглас -

Најнови вести