Крилниот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија, ќе биде отсутен од терените околу еден месец поради повреда. Клубот од Неапол соопшти дека на грузискиот фудбалер по извршените лекарски прегледи му е дијагностицирана повреда на лигаментите на десното колено.
Иако Наполи сè уште не објавил точен датум за неговото враќање, според италијанските медиуми, повредата ќе го држи надвор од игра до четири недели. Тоа значи дека Кварацхелија нема да биде достапен за Антонио Конте до крајот на тековната календарска година.
Кварацкелија оваа сезона има постигнато пет гола и три асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања.
Наполи во следниот период има натпревари против Удинезе и Џенова на гости, како и против Венеција дома. Првиот натпревар во 2024 година е закажан за 4 јануари против Фиорентина на стадионот „Артемио Франки“.