Наполи се лизна, Јувентус ќе игра во Лигата на шампионите, Роналдо останува? (Видео)

Јувентус без Кристијано Роналдо триумфираше со 4-1 на гостувањето кај Болоња, но вистинската радост за членовите и фановите на најтрофејниот италијански клуб дојде кога дознаа дека Наполи на свој терен не успеа да ја победи Верона. Наполитанците одиграа само 1-1 и ќе мора да се задоволат со учество во Лига Европа.

За Јувентус кој во изминатите девет сезони беше првак, многу беше важно да се пласира во ЛШ, бидејќи само вака ги задржува шансите Кристијано да остане кај нив и во следната сезона. Милан победи на гости кај Аталанта со 2-0, па и Росонерите одат во ЛШ.

Стрелец на голот за Верона беше Давиде Фараони, и овој 30-годишник е новиот јунак на сите кои го сакаат Јуве, а ќе биде меѓу најомразените во Неапол.

https://twitter.com/i/status/1396561475905404929

- Оглас -

Најнови вести