Наполи сервира „одмазда“: Влаховиќ на пат кон Неапол?

Душан Влаховиќ би можел да биде едно од најголемите имиња што ќе го напуштат Јувентус во летниот преоден рок, а интересот за него постојано расте.

Според „Тутоспорт“, Наполи веќе започнал првични разговори со неговите претставници, додека во трката за српскиот напаѓач се вклучени и Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Њукасл.

Сегашниот договор на Влаховиќ со Јувентус трае до следното лето, но преговорите за продолжување засега не даваат резултат. Клубот му понудил нов договор со значително намалена плата – околу 6 милиони евра по сезона, наспроти сегашните 12 милиони, додека напаѓачот бара најмалку 8 милиони евра годишно.

Дополнителен проблем за Јувентус е тоа што клубот нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона, што може сериозно да влијае врз одлуката на Влаховиќ.

Од раководството на Бјанконерите“ истакнуваат дека сакаат да го задржат, но конечниот збор ќе го има самиот играч и неговото семејство, како што потврди директорот Дамиен Комоли.

Во меѓувреме, Наполи го гледа Влаховиќ како клучно засилување во нападот, а изборот на нов тренер, меѓу Винченцо Италијано и Масимилијано Алегри, дополнително може да влијае врз развојот на ситуацијата, со оглед на тоа што двајцата веќе соработувале со него.

Во Фиорентина под водство на Италијано, Влаховиќ постигна 20 гола на 24 натпревари, додека во Јувентус под Алегри има учинок од 41 гол на 99 натпревари.

Се споменува и можноста Наполи да го искористи моментот за „реванш“ по трансферот на Гонзало Игуаин во Јувентус во 2013 година, што тогаш силно ги потресе навивачите на клубот од Неапол.

- Оглас -

Најнови вести