Наполи си ја заврши работата, на ред се Рома и Лацио

Наполи останува главен фаворит за освојување на второто место во италијанската Серија А, откако убедливо со 4:0 го победи Фросиноне, во меч од 15 коло. Со овој триумф Наполи стигна до 35 бодови, осум помалку од лидерот Јувентус, а сега има шест повеќе од третопласираниот Интер.

Наполитанците дадоа по два гола во двете полувремиња и без никаков проблем ја потврдија фаворитската улога против Фросиноне. Зиелински во 7 минута ја отвори серијата голови, а во првиот дел погоди и Оунас. второто полувреме беше резервирано за Милик кој два пати ја затресе мрежата на гостите.

Денеска во Серија А се играат уште два меча, а римските калчолигаши се фаворити. Рома гостува кај Калјари, а Лацио во Рим ја пречекува Сампдорија.

 

- Оглас -

Најнови вести