Наполи со убава порака и компилација на погодоци од Елмас, го поздрави Дијамантот (Видео)

По четири и пол години поминати во дресот на Наполи, Елиф Елмас си замина од калчолигашот и кариерата ќе ја продолжи во Германија, во тимот на Лајпциг. Во овој период, Елмас одигра 189 меча за Наполи во сите натпреварувања и постигна 19 погодоци.

Елмас од Наполи си оди како шампион во Италија, а во 2020 година се радуваше и на титулата во Купот на Италија.

Наполи на своите социјални мрежи упати јавна благодарност до Елмас, а во пораката пишува: „Ти благодариме за емоциите што ги даде за нас. Сега те очекува нов предизвик и ние секогаш ќе бидеме тука да навиваме за тебе. Поздрав Елиф“.

Претходно и Елмас со емотивна порака се прости од навивачите и сите во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести